Centar.mk
РЕГИОН

Црна Гора затвора ново поглавје со ЕУ

Црна Гора денеска се очекува да затвори уште едно преговарачко поглавје со Европската унија – за трансевропски транспортни мрежи, со што вкупно ќе затвори 14 од 33 поглавја.

Преговорите за членство земјата ги почна во 2012 година, а властите најавуваат дека сите преостанати поглавја би можеле да бидат затворени до крајот на годинава, со цел членство во 2028 година.

Сепак, аналитичарите предупредуваат дека ваквиот рок е премногу амбициозен, иако постои силна поддршка и од Брисел и од граѓаните, каде околу 70% се за членство во ЕУ.

Во декември Црна Гора затвори пет поглавја, а најголем проблем беше секторот земјоделство, за кој Франција првично имаше забелешки. По директни разговори меѓу претседателите Јаков Милатовиќ и Емануел Макрон, Париз даде зелено светло.

На почетокот на годината беше затворено уште едно поглавје, со што бројот достигна 13.

Во меѓувреме, усвоени се закони за внатрешни работи и за Агенцијата за национална безбедност, кои според ЕУ не се целосно усогласени со европските стандарди. Тоа предизвика политичка криза – опозицијата ги напушти раководните позиции во парламентот, а претседателот Милатовиќ одби да ги потпише законите и ги врати на повторно разгледување.

Сепак, владејачкото мнозинство најавува дека повторно ќе ги усвои, по што претседателот ќе мора да ги потпише./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

„Доаѓа необичен студен бран, ќе го погоди Балканот на средина од неделата“

C +

Бугарија во нов изборен круг: Осми избори за пет години, Радев се смета за фаворит

C +

Закани со бомби во двата најголеми трговски центри во Сараево

C +