Centar.mk
РЕГИОН

Лекари во Хрватска ѝ отстранија тумор тежок 36 килограми на пациентка

Тим лекари од Општата болница во Госпиќ минатата недела успешно отстраниле тумор тежок 36 килограми кај 81-годишна пациентка.

Операцијата била сложена и ризична поради возраста на пациентката и големината на туморот, кој се протегал од карлицата до пределот на белите дробови.

Интервенцијата ја предводел шефот на гинекологија и акушерство Дарко Милиновиќ, заедно со тим од гинеколози, хирурзи, анестезиолози и медицински сестри.

Пациентката добро се опоравува и се очекува наскоро да биде пуштена на домашно лекување.

Милиновиќ изјави дека, според негови сознанија, станува збор за најголемиот отстранет тумор во хрватското здравство и ја истакна важноста на довербата во локалните болници./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПРВИ БРОЈКИ ОД ИЗБОРИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА – До 11 часот гласале 12,85 проценти од избирачитеПРВИ БРОЈКИ ОД ИЗБОРИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА – До 11 часот гласале 12,85 проценти од избирачите

ДЕСК

ОД ДЕНЕСКА НОВИ ОБВРСКИ ЗА ВОЗАЧИТЕ ВО ЦРНА ГОРА – Казни до 1.000 евра за непочитување на зимските правила

ДЕСК

ПРЕД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ТОЛЕРАНЦИЈАТА – Повик против дискриминацијата и говорот на омраза во Црна Гора

ДЕСК