Centar.mk
СВЕТ

Трамп ѝ се закани на Шпанија поради ниските трошоци за одбрана

Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Шпанија дека не е тимски играч и се закани со казни и можни царини, поради тоа што Мадрид издвојува само 1,3 oтсто од БДП за одбраната, најмалку меѓу земјите на НАТО.

Трамп бара сојузниците да трошат најмалку 5 отсто од БДП за националната безбедност и предложи дури и исклучување на Шпанија од Алијансата.

И покрај остриот тон, во НАТО и Мадрид не се вознемирени. Високи воени извори велат дека претњата не се сфаќа сериозно, пишува „Политико“.

Министерката за одбрана Маргарита Роблес одговори дека Шпанија е доверлив и одговорен сојузник, потсетувајќи дека земјата 40 години е дел од НАТО и дека многу шпански војници го дале животот во меѓународни мисии./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Путин веќе ја почна Третата светска војна

C +

Путин потпиша закон кој им дозволува на ФСБ да го исклучат интернетот во Русија

C +

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

C +