Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
-МАКЕДОНИЈА

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

На 18.03 2026 полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа С.Б. од Скопје кои пред два дена со возило на ул. “Васил Ѓоргов” во Скопје удри во пешак и избега. Имено 16.03.2026 во 16:10 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје беше пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена 11-годишна малолетничка од Скопје. Според пријавеното, околу 13:20 часот на крстосница од ул.„Васил Ѓоргов“ и сервисната улица со ул.„Народен Фронт“ во Скопје, патничко возило удрило во неа и го напуштило местото на настанот.

СВР Скопје против С.Б. ќе поднесе кривична пријава по член 300 од Кривичниот законик за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и членот 301 за неикажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +

Филипче: Пензионерите се оштетени, власта ги „краде“ со линеарни мерки

C +