Centar.mk
СВЕТ

Саркози во затвор добивал смртни закани

Поранешниот француски претседател Никола Саркози добил закани со смрт од друг затвореник во парискиот затвор Ла Санте, каде што оваа недела почна да ја издржува петгодишната казна за завера за финансирање на изборната кампања во 2007 година со пари од Либија.

Париското обвинителство потврди дека е отворена истрага по видео што се појавило на социјалните мрежи, во кое затвореник упатува закани. При претресот биле запленети два мобилни телефони, а тројца затвореници се испрашани.

Поради безбедноста, Саркози е под постојана заштита на двајца вооружени полицајци, мерка што предизвика реакции од синдикатот на затворски чувари.

Саркози постојано ги негира обвиненијата и тврди дека случајот е политички мотивиран./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Бахреин ги осуди иранските напади

C +

Украина ѝ се извини на Грција поради украински поморски дрон пронајден кај Лефкада

C +

САД одобрија приближно 38 милиони долари дополнително финансирање на борбата против еболата

C +