Centar.mk
БИЗНИС

Нафтата се продава за над 110 долари

Нафтата од типот брент ноќеска се тргуваше за 111 долари за барел на светските берзи, додека ВТИ круд веќе е речиси 100 долари.

Кризата во Иран и Блискиот Исток би можела нафтата да ја поскапи, доколку ситуацијата не се смири.

Поскапувањето на нафтата на светските берзи најверојатно ќе донесе нови поскапувања на горивата во земјава.