Centar.mk
СВЕТ

Америка предупредува на „неизбежен“ напад на Хамас врз цивилите во Газа

Американскиот Стејт департмент денес предупреди за „неизбежен“ напад од страна на исламистичката милитантна група Хамас врз палестинските цивили во Газа.

„Овој планиран напад врз палестинските цивили би претставувал директно и сериозно кршење на договорот за прекин на огнот и би го поткопал значајниот напредок постигнат од медијаторите“, соопшти Стејт департментот.

САД соопштија дека ги информирале покровителите на мировниот план за Газа за „веродостојни извештаи“.

Прва фаза од прекинот на огнот
Во тек е првата фаза од мировниот план, посредуван од САД, меѓу Израел и Хамас, која се состои од прекин на огнот и размена на заложници и затвореници.

„Доколку Хамас нападне, ќе бидат преземени мерки за заштита на луѓето од Газа и зачувување на интегритетот на прекинот на огнот“, соопшти Стејт департментот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зимската бура во САД не се смирува: стотици илјади луѓе без струја, откажани летови

ДЕСК

Поранешен британски министер ја напушта Лабуристичката партија поради неговите врски со Епштајн

ДЕСК

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

ДЕСК