15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

За една година власта направи долг од 1,86 милијарди евра, рекорд во регионот, соопшти Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, предупреди дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ за само 14 месеци ја направи државата со највисок јавен долг во Западен Балкан.

„Во последниве 14 месеци, државата се задолжи за над 1,86 милијарди евра – една милијарда од Унгарија, 836 милиони преку аукции на домашни хартии од вредност. Во најава се нови 950 милиони евра надворешно задолжување и 70 милиони од домашни банки. Светската банка веќе проектира дека јавниот долг ќе достигне 62,9% од БДП – што не прави најзадолжена земја на Западен Балкан. Ние сме исто така единствена земја во која актуелниот долг го надминува предпандемискиот пик“, рече Филипче.

Тој посочи дека и покрај ваквите алармантни бројки, власта упорно повторува дека долгот е 61,7%, односно се обидува да манипулира пред јавноста за да се прикрие вистинскиот товар што ја турка економијата надолу.

„А под површината, стои уште еден проблем кој Владата избегнува да го признае. Фискалниот совет предупредува на приближно 700 милиони евра доспеани, а неплатени обврски. Тоа е скриен долг што директно ја уништува ликвидноста на македонските компании“, рече Филипче.

И додека долговите се трупаат, Филипче предупреди дека моторот на секоја здрава екоомија, а тоа се странските инвестиции исчезнуваат.

„Во 2024 година, Владата што ја предводеше СДСМ остави повеќе од една милијарда евра странски директни инвестиции. А што имаме во 2025? Во првиот квартал 135,8 милиони евра, а во вториот само 75,9 милиони евра. Премиерот, кој неодамна влезе во еуфорија со најави за милијарди, сега молчи. А токму тоа молчење е најгласниот доказ за економскиот пад“, рече претседателот на СДСМ, венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

„ AFD се приклучува на JETIP: Македонија ја забрзува енергетската транзиција“

ДЕСК

„600.000 евра за модерна и дигитална преносна мрежа во Македонија – потпишан грант-договор меѓу МЕПСО и Француската агенција за развој (AFD)“

ДЕСК

Оваа сабота REset & REtalks со Реплек и Елена Бубало: Вежбај, прашај и инспирирај се

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.