Centar.mk
СВЕТ

Трамп: Зошто би биле ние тука за НАТО, ако тие не беа тука за нас

Американскиот претседател Доналд Трамп ја доведе во прашање поддршката на САД кон сојузниците од НАТО, поради тоа што Алијансата не го поддржала Вашингтон во војната против Иран.

„Зошто би биле ние тука за нив, ако тие не беа тука за нас?“, изјави Трамп во Мајами.

Тој оцени дека е „голема грешка“ што НАТО не застанал зад САД и потсети дека Америка троши стотици милијарди долари годишно за безбедноста на сојузниците.

Војната меѓу САД и Израел против Иран предизвика тензии во трансатлантските односи, при што Вашингтон ги обвини сојузниците за неделување и за ограничена поддршка, вклучително и за користење на воени бази./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ХАМАС ПОТВРДИ СМРТ НА ВИСОК КОМАНДАНТ ВО ГАЗА – Израел го нападнал подрачјето Кан Јунис

ДЕСК

РАКЕТИ КОН РИЈАД И ДРОНОВИ КОН НАФТЕНИОТ РЕГИОН – Саудиската одбрана со нови пресретнувања

ДЕСК

ДЕВЕТ ФУНКЦИОНЕРИ СМЕНЕТИ ВО ИРАК – Откриена шема за шверц на нафта, осомничените пред правосудството

ДЕСК