Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Возел под дејство на алкохол и направил сообраќајка – полицијата приведе шофер на опел

Како што соопшти МВР, вчера во 19:05 часот на магистралниот пат Радовиш- Струмица, во близина на крстосница за село Воиславци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишија од слобода лице(23) од Радовиш.

МВР информира дека околу 18:40 часот на наведената локација, тој со патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во банкина покрај патот, а при преземање мерки полициските службеници констатирале дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,25 промили алкохол во крвта.

Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

ЗУЛУМ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Две лица физички нападнале пензионерка и ѝ ги зеле парите

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА СПРЕЧИЛА ПОГОЛЕМ ИНЦИДЕНТ: Напад на наплатната станица Желино заврши со приведување

ДЕСК

МАЖ СЕ СТРУПОЛИ КАЈ “ЖЕНА БОРЕЦ”: Итната помош констатирала смрт, телото дадено на обдукција

ДЕСК