Centar.mk
СВЕТ

Масовен руски напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Русија изврши серија напади врз Украина во текот на ноќта, при што беа убиени и повредени неколку лица. Полска распореди борбени авиони поради опасноста по својот воздушен простор, јавуваат локалните медиуми.

Украина објави дека во рускиот напад врз Запорожје едно лице било убиено, а шест други ранети, меѓу кои и 16-годишно девојче.

Шефот на југоисточниот украински регион, Иван Федоров, објави дека во рускиот „комбиниран напад“ (напад со ракети и беспилотни летала) една жена била убиена, а шест други лица ранети. Според Федоров, лекарите им обезбедиле неопходна медицинска помош на повредените.

Во времето на нападот, во 4:09 часот по локално време, низ цела Украина била прогласена национална воздушна тревога.

Полските вооружени сили објавија дека ставиле во готовност воздушна одбрана и распоредиле борбени авиони за заштита на својот воздушен простор, особено во близина на украинската граница.

Во последните денови, Русија ги интензивираше нападите врз енергетската инфраструктура на Украина, со оглед на намалените температури и приближувањето на зимата. Овој викенд, Москва го спроведе најголемиот напад досега на украинската гасна мрежа. Нападите во саботата предизвикаа прекин на снабдувањето со електрична енергија за околу 50.000 домаќинства во северниот регион Чернигов.

Во Лавовската област, најмалку две лица биле убиени, а две повредени во напад со руски дрон и ракета во текот на ноќта. Командата на украинските воздухопловни сили и системите за противвоздушна одбрана соопштија дека Киев и голем број други региони беа мета на воздушни напади од страна на Русија.

Покрај Киев, нападите ги погодија и следниве региони: Хмелницки, Деражња, Сатанив, Виницки регион, Вапњарка, Немиров, Жмеринка, Козјатин, Запорожје, Днепар, Одеса./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

ДЕСК

46 жртви во железничката несреќа во Шпанија

ДЕСК

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

ДЕСК