28. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Почина поранешниот претседател на Романија, Јон Илиеску

Поранешниот претседател на Романија, Јон Илиеску, почина денес на 96-годишна возраст, објави претседателот на Социјалдемократската партија (ПСД), Сорин Гриндану.

На почетокот на јуни, Илиеску беше примен во болница, каде што беше опериран од рак на белите дробови, а во текот на последните неколку дена неговото здравје брзо се влоши. Според медицинските извештаи, неколку органи откажаа, објавува „Аѓерпрес“.

Јон Илиеску беше претседател на Романија двапати од 1990 до 1996 година и повторно од 2000 до 2004 година. Тој беше првиот посткомунистички претседател на Романија по револуцијата во 1989 година, во која одигра водечка улога.

Илиеску беше лидер на Националниот фронт за спас, кој подоцна прерасна во Социјалдемократска партија. За време на неговиот мандат, Романија стана членка на НАТО и започна преговори за пристапување кон Европската унија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Масакр во САД: Пукање во училиште – има загинати и многу повредени

ДЕСК

Нуклеарните инспектори на ОН пристигнаа во Иран за прв пат по израелскиот напад

C +

Кремљ: Ги поддржуваме мировните напори на Трамп, но ги отфрламе гаранциите на ЕУ за Украина

C +