Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Трамп издал наредба две нуклеарни подморници да бидат позиционирани во близина на Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека издал наредба две нуклеарни подморници да бидат позиционирани во соодветни области (мисли во близина на Русија).

Ова наводно доаѓа како одговор на „многу провокативните“ коментари на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев.

Трамп рече дека дејствува „за секој случај“.

„Зборовите се многу важни и често можат да доведат до несакани последици и се надевам дека ова нема да биде еден од тие случаи“, рече претседателот на САД Доналд Трамп.

Некогашниот претседател на Русија, Димитриј Медведев неодамна издаде строго предупредување до Соединетите Држави, одговарајќи на ултиматумите на Трамп до Москва да се согласи на прекин на огнот во Украина или да се соочи со сериозни санкции. Медведеев е познат по вакви провокативни изјави за време на војната во Украина.

Можеби ќе ве интересира

Американците понудиле безбедносни гаранции за Украина, Зеленски не е задоволен

C +

Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа

C +

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

C +