Најмалку три лица ги загубија животите во серија напади од украински беспилотни летала на територијата на Русија. Инциденти беа регистрирани во Самара, Ростов и Пензенска област, додека руските воздушни одбранбени сили соборија вкупно 112 беспилотни летала. Пожарите и оштетувањата на инфраструктурата дополнително ја влошија ситуацијата.
– Во нападите со беспилотни летала на територијата на Русија, маж загина во Самара кога неговата куќа во Кујбишевската област беше зафатена од пожар откако паднаа остатоци од беспилотното летало – објави гувернерот Вјачеслав Федоришев.
Итните служби работат на терен.
Сличен инцидент се случил во селото Углеродовски во Ростовскиот регион, каде што пожар зафатил зграда на компанија за време на напад со беспилотно летало, при што загинал вработен кој го обезбедувал објектот.
Тој додаде дека во селото Углеродовски во Красносулинскиот округ имало пожар во една фирма и дека е изгаснат, објави РИА Новости.
Вршителот на должноста гувернер на Ростовскиот регион Јуриј Сљусар објави дека украинскиот масовен напад со беспилотни летала бил одбиен во седум области.
„Една жена е убиена, а две лица се ранети во напад на украински беспилотни летала во Пензенскиот регион“, објави гувернерот на овој руски регион, Олег Мелниченко, на Телеграм каналот.
Во текот на ноќта, руските воздушни одбранбени сили соборија вкупно 112 украински дронови над различни региони на Русија, соопшти Министерството за одбрана на земјата.
Меѓу погодените области се Ростовската област – 34 дронови, Краснодарскиот крај – 31, Воронежската област – 12, Рјазан – 11, Самара – пет дронови, Пенза – четири, Белгород – два дрона, како и по еден дрон во Крим и Липецка област.
Исто така, 11 беспилотни летала беа уништени над водите на Црното Море и Азовското Море./Извор:Makfax
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...