Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Африм Гаши излезе од болница

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по два дена, е отпуштен од болница во добра и стабилна состојба, информира Собранието.

„Во врска со загриженоста за здравствената состојба на претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, ја информираме јавноста дека по краткиот дводневен престој на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија и по спроведувањето на сите потребни медицински прегледи, здравствената состојба на претседателот е добра и стабилна. Денес, г. Гаши е отпуштен од болница и ќе продолжи со своите институционални активности во согласност со медицинските препораки“, соопшти Собранието.

Кабинетот на претседателот на Собранието изразува посебна благодарност до директорот на Клиниката, проф. д-р Огнен Костовски, тимот лекари и целиот здравствен персонал за професионализмот, грижата и за посветеноста покажани за време на лекувањето./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПОВИЦИ ЗА ПРОПУШТЕНИ МРП ВАКЦИНИ – Во Бит-пазар расте одѕивот на родителите

ДЕСК

ВИКЕНД СО СОНЦЕ И УТРА ДО −3 °C – Од понеделник услови за слаб локален дожд

ДЕСК

Дафина Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите

ДЕСК