Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИС

ПРОСЕЧНАТА БРУТО ПЛАТА ЗА МАЈ ИЗНЕСУВА 68.859 ДЕНАРИ, НЕТО ПЛАТАТА E 45.796 ДЕНАРИ: Просекот од лани до сега пораснал за 11%, според статистиките

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2025 година изнесува 68.859 денари, извести Државниот Завод за Статистика.

Во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 11.0 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 24.2 %, Образование за 14.6 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 14.5 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 13.9 %, Рударство и вадење на камен за 5.2 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 5.0 %.

Бруто-платата во мај 2025 година изнесува 68 859 денари. Во мај 2025 година во однос на мај 2024 година е повисока за 11.0 %

Во мај 2025 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 45.796 денари. Во мај 2025 година во однос на мај 2024 година е повисока за 11.0 %

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Владата на Мицкоски не сака да ја покачи минималната плата на 600 евра

C +

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025: Локално признание за„Најдобра банка“ и регионално признание за „Најдобра дигитална банка“

C +

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

ДЕСК