Centar.mk
фото Влада
СВЕТ

Орбан: Победник на новиот буџетски план на Европската комисија е Украина, а губитниците се граѓаните на ЕУ

Победник на новиот буџетски план на Европската комисија е Украина поради износот на пари наменети за Киев, а губитници се европските граѓани, изјави денес унгарскиот премиер, Виктор Орбан.

„Тоа би можело особено силно да ги погоди земјоделците. Унгарските земјоделци, заедно со нивните европски колеги, би можеле да добијат многу помалку субвенции во иднина“, рече Орбан.

Унгарскиот премиер додаде дека „во Брисел има хаос“ затоа што новиот буџетски предлог на Европската комисија, кој „ги изненади сите“, беше објавен истакнувајќи дека „ситуацијата е драматична“, пренесува MTI.

Денес, Европската комисија ќе го претстави првиот пакет-предлози за следниот долгорочен буџет на ЕУ, познат и како повеќегодишна финансиска рамка (MFF), пренесува „Танјуг“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран: Не, Американците не го спасија пилотот на соборениот Ф-15

C +

Напад врз петрохемиски комплекс во Емиратите

C +

Иран тврди дека соборил три американски летала за време на спасувачката мисија

C +