Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова положи свежо цвеќе по повод 122-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 122-годишнината од смртта на великанот на македонското револуционерно дело Гоце Делчев, положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Одбележувањето започна со Панихида, отслужена од страна на Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, во сослужение со свештениците од Скопската епархија.

Свежо цвеќе положија и делегации на Владата, на Собранието, претставниците на дипломатскиот кор, на политичките партии, на граѓански здруженија и бројни други почитувачи на ликот и делото на Делчев.

Можеби ќе ве интересира

Спасовски: На Светскиот ден против насилството врз жените ја видовме Сиљановска-Давкова како без почит се однесува кон пратеничка

ДЕСК

Талески до Костовски: Не го дефокусирајте случајот со Алта банка, кажете дали го познавате Мацура и потеклото на неговите пари?

ДЕСК

Бојковска до Емини: Колку исплати Фондот за обесштетување на депонентите по пропаѓањето на Еуростандард банка и каква е разликата со случајот на Алта банка?

ДЕСК