Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Спасовски: На Светскиот ден против насилството врз жените ја видовме Сиљановска-Давкова како без почит се однесува кон пратеничка

Изјава на Оливер Спасовски од СДСМ:

Взаемна почит мора да има ако сакаме да имаме и добар однос.

Намерно реков, за да видам.

Значи, сакам да реагирам затоа што никој, па ниту претседателката на државата, госпоѓа Силјановска-Давкова, не може да се однесува како да е тутор над Собранието и да се повикува на легитимитетот на институција којашто исто така го добива легитимитетот од граѓаните.

Во тој правец, денеска овде сте како сведок, а не како некој којшто ќе дели лекции, бидејќи веќе не сте во тоа својство, како што и самите кажавте.

И затоа, госпоѓо претседателке, вие треба да реагирате веднаш, во моментот, па и тогаш кога говори претседателот на државата, ако се однесува со непочитување кон институцијата којашто го повикала денеска.

И на крајот морам да реагирам на денот, на почетокот на денот, односно на Светскиот ден на борбата против насилството врз жените. Ние денеска гледаме како се однесува претседателка на држава кон една пратеничка.

Можеби ќе ве интересира

Талески до Костовски: Не го дефокусирајте случајот со Алта банка, кажете дали го познавате Мацура и потеклото на неговите пари?

ДЕСК

Бојковска до Емини: Колку исплати Фондот за обесштетување на депонентите по пропаѓањето на Еуростандард банка и каква е разликата со случајот на Алта банка?

ДЕСК

Лефков: Дали во досегашните проверки од страна на Комисијата за надзор на пазарот на капитал се утврдени евентуални неправилности, или било какви прекршувања на закон поврзани со Алта банка?

ДЕСК