Членови на Комисијата за култура и туризам, денеска, остварија работна посета на Националната установа Национален конзерваторски центар, во рамките на активностите на Работната група за посета на институции од областа на културата.
Главна тема на средбата беше Предлог-националната стратегија за заштита и користење на културното наследство за периодот 2027–2031 година, која е влезена во собраниска процедура, како и други актуелни прашања поврзани со работата и функционирањето на Националниот конзерваторски центар.
На средбата пратеничките Велика Стојкова Серафимовска и Лидија Петкоска беа запознаени со активностите и надлежностите на Националниот конзерваторски центар. Директорот, Александар Јорданоски, заедно со двајца конзерватори Јехона Спахиу Јанчевска и Владо Муковски споделија информации околу функционирањето на оваа установа и главните предизвици со кои се соочуваат, како и дадоа свои видувања, сугестии и коментари во однос на предложениот текст на Националната стратегија.
фото Собрание


