Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Тошковски: Делото на најголемиот македонски великан Гоце Делчев нè потсетува дека љубовта кон Македонија се докажува со дела

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на одбележувањето на 122 години од смртта на Гоце Делчев, еден од еден од најзначајните херои во историјата на Македонија – личност која со својата храброст, визија и пожртвуваност го обележа патот кон слободата.

„На 4 мај 1903 година, Македонија го изгуби великанот, но доби вечен симбол на отпорот и саможртвата. Тој е дел од сè што Македонија претставува денес: борба, надеж и достоинство. Македонија секогаш ќе ги памети оние кои својот живот го внеле во темелите на нејзината независност.
Нека делото на најголемиот македонски великан нè потсетува дека љубовта кон Македонија се докажува со дела. Вечна слава и благодарност!“, истакна министерот Тошковски на чинот на положување цвеќе во црквата Свети Спас.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГ ВЕЕ ВЕЧЕРВА ВО МАКЕДОНИЈА – СИТЕ ПАТИШТА СЕ ПРООДНИ, НО ИМА КАШЕСТ СНЕГ: Вечерно предупредување од „Македонија пат“

ДЕСК

СТУДОТ Е САМО ПОЧЕТОК – Македонија ја очекува временски пресврт, обилни дождови, а потоа и снег

ДЕСК

Мицкоски: Студентите ќе добијат многу повеќе од оние 140 денари за студентски оброк кои ги добиваат досега, работиме на понудата

ДЕСК