Centar.mk
фото: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-МАКЕДОНИЈА

Лефков: Дали во досегашните проверки од страна на Комисијата за надзор на пазарот на капитал се утврдени евентуални неправилности, или било какви прекршувања на закон поврзани со Алта банка?

Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешното продолжение на надзорната расправа поврзана со Алта банка, изјави дека важно е да се расчистат околностите коишто се поврзани со истата.

„Практично многу е важно на денешното продолжение на надзорната расправа да ги расчистиме околностите коишто се поврзани со Алта банка АД Битола. Два аспекти денеска од она што видов. Едниот е законски. Постапувањето, вашето постапување според законите и поделбата на надлежности помеѓу вашата комисија и Народната банка. Вториот аспект е човечки за шпекулациите за издвоени мислења, за несогласување во рамките на комисијата. сметам дека го расчистивме тоа за издвоени мислења, несогласувања, меѓутоа во интерес на јавноста, затоа што и вие го споменавте, а и на седницата од 10ти септември 25та работите по законот за преземање на акционерски друштва“, рече Лефков.

Лефков со прашање до Бујаре Абази директорка на Комисијата за надзор на пазарот на капитал во досегашните проверки се утврдени евентуални неправилности, односно дали од моментот на барањето за превземање во септември 2025 година, Комисијата за хартија од вредност или Комисијата за надзор на пазар на капитал утврдиле прекршувања на закон, утврдиле манипулации на пазар или други неправилности  за, како што рече, преземањето на акционерски друштва.

„Конкретно прашање за јавноста. Дали во досегашните проверки од страна на Комисијата за надзор на пазарот на капитал или во рамките на актуелните случувања се утврдени евентуални неправилности, односно дали од моментот на поднесување на барањето за превземање во септември 2025 до денес Комисијата за хартија од вредност или Комисијата за надзорот на пазар на капитал има утврдено било какви прекршувања на закон за преземање на акционерски друштва, утврдено манипулации на пазар, утврдена злоупотреба на внатрешни информации или други неправилности поврзани со Алта банка и доколку има дали за нив се известени надлежните истражни органи“, праша Лефков.

фото: 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Можеби ќе ве интересира

Комисијата за култура и туризам во посета на Националниот конзерваторски центар

ДЕСК

Петрушевски: Дали Алта банка ги почитувала правата на акционерите при преземањето на Стопанска банка Битола?

ДЕСК

Лукаревска: По кои критериуми се водеше КХВ за да дозволи преземање на Алта банка?

ДЕСК