Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски се јавувал во МВР за ослободување на својот брат?

-Додека јавноста реагира за скандалот со братот на градоначалникот Бобан Стефковски кој дивееше по скопските улици а беше ослободен од МВР, се поставува прашањето кој ќе сноси политичка одговорност? Дали лично градоначалникот Стефковски се јавувал во Министерството за внатрешни работи за да изврши притисок за ослободување на неговиот брат? – прашуаат од СДСМ.

„Граѓаните заслужуваат чесно, одговорно и транспарентно раководење, а не злоупотреба на позицијата за заштита на привилегирани функционери, роднини и пријатели на ДПМНЕ.

Тошковски беше принуден јавно да го признае скандалот со братот на Стефковски откако беше фатен жив, но граѓаните не се наивни, знаат дека да не го објавеше СДСМ ќе се криеше и понатаму и никој немаше да биде сканкциониран.

Кој ќе ја преземе сега политичката одговорност за овој скандал?“ – прашуваат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

УДРИЛ ВО ВОЗИЛО НА МВР И НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЈЦИ – Кривична пријава против 27-годишник

ДЕСК

МИСТЕРИОЗНА СМРТ ВО МАКЕДОНИJA: ДВЕ БЕЗЖИВОТНИ ТЕЛА ПРОНАЈДЕНИ ВО БОГДАНЦИ – Едното во опожарено возило, другото во негова близина

ДЕСК

ТЕШКО ПОВРЕДЕН КУМАНОВЕЦ ВО МЛАДО НАГОРИЧАНЕ – Кривична пријава против 62-годишник

ДЕСК