Од девет црногорски банки биле реализирани 58 поединечни трансакции поголеми од 50.000 евра кон сметки во Алта банка во Белград, според одговорот на Централната банка на Црна Гора објавен денеска во „Вијести“. Податоците се однесуваат на периодот од 1 јануари до 31 октомври 2026 година.
Централната банка не ги објавила поединечните износи и учесниците во трансакциите, повикувајќи се на банкарската тајна.
Регулаторот одделно појаснил дека платната институција „Алта пеј груп“ во Црна Гора извршувала домашни плаќања. Преку неа, според одговорот, не се вршеле приливи и одливи кон странство.


