14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Влада: Продолжуваме со интензивна поддршка на земјоделскиот сектор-грантови од 10.000 евра за младите земјоделци

-Приоритет на Владата и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е развој на македонското земјоделство, со посебен акцент на младите земјоделци. За таа цел објавен е јавен повик за Мерката 112 со кој обезбедуваме помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност. Вредноста на грантот изнесува 600.000 денари или 10.000 евра, односно 100% од направените трошоци, соопшти Владата.

„Условите кои треба да се исполнат се:

-лицето кое аплицира да биде на возраст од 18 до 40 години,
-истиот за првпат да започнува со земјоделска активност,
-да преземе постоечко или воспостави ново земјоделско стопанство,
– и да е запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства во последните 18 месеци.

Крајниот рок за доставување на барањата е до 9 мај годинава.

Преку мерки и проекти нашата заложба како Влада е да инвестираме во развој на македонското земјоделство, истото да го направиме поконкурентно на пазарот и да отвориме нови работни места за да го зголемиме доходот на земјоделците.

Владата го враќа изгубеното достоинство на земјоделците. Нивниот труд почнува соодветно да се вреднува.

Нашиот фокус е инвестициите во земјоделството да бидат исплатливи и затоа продолжуваме со интензивна поддршка на земјоделскиот сектор.

Младите имаат одлична можност да започнат свој бизнис и да ги искористат можностите кои ги создаваме.

Ветивме, се обврзавме и испорачуваме. Владата останува посветена во носење на мерки и проекти за земјоделците.“ – се вели во владиното соопштение.

Можеби ќе ве интересира

Алиу во Тетово: Над 70 милиони евра инвестиција за Клиничка болница Тетово – ќе се градат две нови градби и ќе се реновираат три постојни објекти

ДЕСК

Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година – Еве како да се пријавите

ДЕСК

Летно изненадување од dm и Babylove:  со сметка над 499 денари добивате подарок!

ДЕСК