Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Повторно нема лекови на Онкологија, неспособноста на власта ги загрозува животите, велат од СДСМ

-Пациентите на Клиниката за онкологија повторно се соочуваат со недостаток на клучни лекови, од кои директно зависи нивниот живот, велат од СДСМ.

„Иако Клековски јавно ветуваше дека нема да се случи повторно да нема лекови, оваа недела недостасува биолошкиот лек Palbosiklib, недостиг има и на лекот Bevacizumab (Авастин) – терапија што ја примаат голем број пациенти два пати месечно, терапија од која зависи нивниот живот.

Кој е сега изговорот на Клековски и на Таравари? Кој ќе понесе одговорност?

Наместо конкретни решенија и навремена набавка, институциите под раководство на ВМРО-ДПМНЕ се неспособни да обезбедат навреме лекови, луѓето со месеци чекаат на терапија.

Ова е директен удар врз здравјето на пациентите за кои овие лекови се животно потребни. Недозволиво е во 21 век да нема континуирана достапност на основна терапија за најтешките болни.

Одговорност мора да има. Животот на пациентите со рак не смее да биде жртва на неспособноста и неодговорноста на оваа власт.“ – се вели во денешното соопштение на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК