Centar.mk
фото Царина
-МАКЕДОНИЈА

Координиран одговор против организираниот криминал: Оперативните искуства од истрагите на Царина и останатите органи за спроведување на законот основа за SOCTA 2027

Помошник директорот на Царина, Влатко Лакордов, како особено значајна, во споделување на оперативни искуства, ја потенцира едногодишната темелна предистражна постапка на Одделението за истраги, со која е откриена и сузбиена меѓународна криминална мрежа поврзана со криумчарење на 69 милиони парчиња цигари.

Оперативните искуства од истрагите на Царинската управа и на останатите органи за спроведување на законот ќе бидат интегрирани во националната Проценка на закани од сериозен и организиран криминал – SOCTA 2027 која ја изготвува Бирото за јавна безбедност, со што се унапредува заедничкиот одговор во борбата со организираниот криминал. Ова беше главната порака на денешната работилница за изготвување на среднорочен преглед SOCTA 2027, во организација на Бирото за јавна безбедност и EU4FAST.
Помошник директорот на Секторот за контрола и истраги Влатко Лакордов истакна дека вистинската вредност на Документот ќе дојде преку негово интегрирање во секојдневните одлуки. Притоа како особено значајна, во споделување на оперативни искуства, ја потенцира едногодишната темелна предистражна постапка на Одделението за истраги, со која е откриена и сузбиена меѓународна криминална мрежа, поврзана со криумчарење на 69 милиони парчиња цигари.
„Значењето на овој случај, не е само во количината на цигари или во обемот на криминалната мрежа. Важен е целиот процес, од првичните сознанија, преку собирање и анализа на информации, до моментот кога тие резултираа со акција. Брзата реакција на обвинителството и МВР, по поднесувањето на кривичната пријава, овозможи заедничка координирана акција под кодно име „Филтер 2“, која покажа колку е важна навремена реакција и усогласено постапување на надлежните институции. Ова го истакнувам како еден добар пример како треба да функционира системот координирано. И сето ова не завршува во нашите граници. Соработката со надлежните институции во Грција и Србија, во овој случај, покажа дека резултатите се многу поголеми, кога информациите не остануваат во рамките на една институција или една држава, туку навреме се споделуваат со сите, што можат да придонесат во истрагата“, истакна Лакордов.
Директорот на БЈБ, Александар Јанев, во своето обраќање истакна дека целта е градење систем во кој информацијата навремено станува анализа, анализата станува проценка на ризик, проценката станува јасен приоритет, а приоритетот се преточува во конкретно и координирано институционално и оперативно дејствување.
На настанот свое обраќање имаа и директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски и директорот на Управата за финансиско разузнавање, Кујтим Ибиши.

фото Царина

Можеби ќе ве интересира

ЦИВИЛ: Ниту едно презиме, функција или политичка врска не смее да биде штит за насилството и неказнивоста!

ДЕСК

СДСМ: Пред нас е борба со мафијата и неказнивоста – жените нема да отстапат!

ДЕСК

Филипче: Државата должи 713 милиони евра, Мицкоски компаниите ги турка во неликвидност

ДЕСК