Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Уапсени три лица од Скопје барани по централни потерници

-На 10.04.2025 во Скопје од слобода биле лишени З.Н.(55), Р.Т.(55) и С.М.(37), тројцата од Скопје, кои биле барани по централни потерници врз основа на судски наредби за издржување затворски казни, соопшти МВР.

-Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода З.Н. затоа што бил баран за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 став 1 од Кривичниот законик. Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Р.Т. затоа што бил баран за издржување казна затвор од 10 месеци за сторено кривично дело по член 300 став 1 во врска со член 297 од Кривичниот законик. Додека, полициски службеници од Одделенијата за криминалистички работи Ѓорче Петров и Кисела Вода го лишиле од слобода С.М.за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 202 став 1 од Кривичниот законик, информиа полицијата.

Лицата биле спроведени во Казнено – поправните установи Затвор Идризово и Затвор Скопје за издржување на казните.

Можеби ќе ве интересира

МВР: Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без дозвола и двајца со активна забрана

ДЕСК

Хрватски искуства за македонскиот европски пат – средба на Филипче со Дробњак

ДЕСК

Филипче: Не смееме да дозволиме српско и руско влијание да ја оттурне Македонија од ЕУ

ДЕСК