Centar.mk
СВЕТ

Единаесет дена по разорниот земјотрес во Мјанмар, земјата не се смирува: регистрирани 98 последователни потреси

Во текот на 11-те дена од 28 март, кога Мјанмар беше погоден од катастрофален земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтер, земјата ја потресоа 98 последователни потреси, соопштија денеска властите.

Според метеоролошката и хидролошката служба на Мјанмар, новите земјотреси биле со јачина од 2,8 до 7,5 степени, објави новинската агенција Ксинхуа.

Бројот на жртвите од првичниот земјотрес се искачи на 3.600, 5.017 лица се повредени, а 160 се уште се водат како исчезнати, соопшти информативниот тим на Управниот совет на Мјанмар./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Американците понудиле безбедносни гаранции за Украина, Зеленски не е задоволен

C +

Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа

C +

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

C +