Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Костовски: Се штитат ли одговрните од МВР, оние кои биле на кобната вечер задолжени за безбедноста?

Од досегашниот правец на истрагата и информациите кои се соопштени во јавноста за трагедијата во Кочани, СДСМ стравува дека оваа истрага ќе биде селективна, истакна на денешната прес-конфренција, организациониот секретар на СДСМ, Мартин Костовски.

Тој потенцираше дека откако министерот Тошковски извести дека првата фаза од истрагата е завршена и се сомничат 32 лица, денеска тој и обвинителот Коцевски мора да одговорат на повеќе легитимни прашања за кои јавноста има право да добие одговори.

„Дали е точно дека ниеден од командирите, инспекторите, и раководството на БЈБ и МВР во ОВР Кочани и СВР Штип, кои мора да знаеле што се случува, не се во притвор? Дали и против кој од нив се води истрага? И ако не се води, како е возможно да не се истражуваат лица кои вечерта биле на одговорни позиции, со должност и овластување да реагираат – но не го сториле тоа? Дали е точно дека сите седум вработени во МВР, кои се моментално во притвор, не биле на функции во денот на пожарот во дискотеката?“, праша Костовски на денешната прес-конфренција.

Костовски го повика институциите да постапат согласно своите должности и надлежности, без при тоа да водат селективна правда, бидејќи како што кажа токму против тоа се борат граѓаните.

Тој порача дека СДСМ ќе продолжи да ги објавува сите детали и да ги поставува сите правно издржани прашања, кои укажуваат на сериозни пропусти и кривични одговорности за лица за кои во моментов нема инфомрации дека се дел од истражната постапка или се во притвор.

Можеби ќе ве интересира

Српски камион се заби во објект на царинската управа – оштетен е кровот и рампата

ДЕСК

Замрзнат имот во Србија и Македонија од осомничен за злоупотреби во РЕК Битола

ДЕСК

Страшна сообраќајка ја потресе Македонија: Автомобил излета од пат, еден загинат – познати деталите

ДЕСК