Вчера, на Ургентниот центар на КЦС, од пожарот што избувна во дискотеката во Кочани, пристигнаа осум посериозно повредени пациенти, што изнесува вкупно 17. За нивната состојба утрово во изјава говореше Милан Стоичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, КЦС.
„Сите пациенти имаат сериозни повреди опасни за животот. Од осумте, тројца се на респиратор, што значи дека им е потребна механичка вентилација. Површината на телото погодена од повреди од изгорениците се движи до 25 %. Нагласувам дека имаат симптоми на интоксикација и изгореници на дишните патишта и затоа се опасни за животот. По приемот, се почна со дијагностички и терапевтски процедури. Од осуммина, седум се лекувани во услови на операциона сала“, изјави Стојичиќ за РТС.
Во тек се и консултации со неврохирурзи, ОРЛ-специјалисти, пулмолози, како и радиолошки прегледи.
„Сите беа згрижени во текот на ноќта, тие се стабилни, со стабилни витални параметри. Што се однесува до пациентите оперирани претходниот ден, тие се хемодинамски стабилни, нивниот третман продолжува, што секако ќе потрае долго“, потенцира овој лекар.
Објасни дека некои пациенти ќе бидат подложени на операција. „Денеска, продолжува нивното лекување во операционите сали и планот е да бидат оперирани во наредните денови.
„Некои ќе се третираат конзервативно, други оперативно. А овој хируршки третман веќе е планиран за утре или задутре. Детаљни информации ќе имаме денеска бидејќи сега проценуваме кои кандидати се за хируршки третман. А доколку има потреба од донори на кожа, ќе ве информираме и за тоа“, изјави Стојичиќ./Извор:Makfax