Centar.mk
фото скриншот/јутуб/влада
МАКЕДОНИЈА

Професорот Пивоваров: МВР целосно потфрли, сериозни пропусти во контролата

Професорот Владимир Пивоваров жестоко ја критикуваше работата на Министерството за внатрешни работи, оценувајќи дека институцијата целосно потфрли во својот делокруг на одговорности. Во гостувањето во вонредната епизода на „Тешки муабети“, Пивоваров посочи дека постои сериозен недостаток на контрола и координација од страна на МВР во однос на спроведувањето на законите.

– Доколку Министерството за внатрешни работи утврдило неправилности во објектот, требало веднаш да ги извести надлежните институции кои се одговорни за регулирање и надзор. Очигледно има сериозни пропусти, бидејќи објектот не ги исполнува законските услови – нагласи Пивоваров.

Според него, проблемот не е само во недостатокот на редовни инспекции, туку и во системскиот пристап кон ваквите случаи.

– Точно е дека проверките не можат да се вршат секојдневно, но тие мора да бидат редовни и не смеат да зависат исклучиво од пријави. Институциите мора да работат проактивно, а не само по реактивен принцип – додаде професорот.

Овие констатации отвораат сериозни прашања за функционалноста и ефикасноста на системот, особено во делот на инспекцискиот надзор и координацијата меѓу надлежните органи.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК