Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Не смее да остане ни најмал сомнеж дека некој се штити

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека трагедијата што ја потресе земјата не смее да остане без одговорност. Тој истакна дека довербата во институциите е разнишана и дека граѓаните заслужуваат вистина и правда.

„Ние сме денеска рането општество, довербата во институциите е сериозно нарушена. Ако сакаме да ја вратиме, мора да спроведеме целосна, транспарентна и објективна истрага. Никој не смее да биде поштеден – ниту актуелни, ниту поранешни функционери или службеници. Ова не е прашање на политика, туку прашање на вистина и правда“, порача Филипче.

Тој апелираше до истражните органи и обвинителството редовно да ја информираат јавноста за текот на истрагата.

„Не смее да остане ниту најмала сенка на сомнеж. Ако постои дури и најмала индиција дека некој се штити, тоа ќе биде удар врз целото општество. Обвинителството мора да информира редовно – ако треба и двапати на ден – за секој чекор во истрагата. Граѓаните имаат право да знаат“, истакна Филипче.

Тој нагласи дека одговорност мора да има за секого, без исклучок.

„Потребна е одговорност од секој еден. Ова не е време за политички пресметки, туку за единство. Треба да покажеме човечност и солидарност. Ветувам дека нема да дозволам политизирање на овој процес, исто како што нема да дозволиме некој да биде поштеден. Како опозиција, будно и интензивно ќе го следиме процесот за да обезбедиме дека правдата ќе биде задоволена“, заклучи Филипче.

СДСМ останува посветена на транспарентноста, вистината и одговорноста за сите инволвирани во овој трагичен настан.

Можеби ќе ве интересира

АВТОПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД ВО ЗАВРШНА ФАЗА – Најтешката делница се очекува да биде отворена во декември

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ТЕЛЕФОНСКИТЕ ИЗМАМИ – Граѓани добиваат лажни приказни за сообраќајни несреќи

ДЕСК

400.000 ВАКЦИНИ ЗА ОВЦИТЕ И КОЗИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Започна дистрибуцијата, од среда се очекува вакцинација на терен

ДЕСК