Centar.mk
РЕГИОН

Утре во Бугарија ќе биде прогласен за ден на жалост, премиерот изрази сочувство до семејствата на жртвите

Утре – вторник, 18 март, во Бугарија ќе биде прогласен за ден на национална жалост како израз на солидарност со нашиот најблизок сосед на Балканот. Ова го соопшти премиерот Росен Жељазков во врска со трагичниот инцидент во градот Кочани, во кој во пожар во дискотека загинаа 59 лица, а над 150 беа повредени, јави репортерот на БГНЕС.

Бугарскиот премиер изрази сочувство до семејствата на жртвите.

14 од повредените се пренесени во медицинските установи во Бугарија.

Во вакви моменти најважно е да се покаже навремена емпатија и солидарност. Бугарија е подготвена да прифати уште жртви, рече Жељазков.

Обезбедивме услови и роднините на жртвите да пристигнат овде и да бидат во контакт со нивните роднини, рече премиерот. /Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ВО СРБИЈА ЗАПОЧНА ДИПЛОМАТСКА ОФАНЗИВА – Средби со американски претставници пред формирањето на новата власт

ДЕСК

НАД 71 МИЛИОН ЕВРА ЗА ПЕТ ДЕНА – Грција го објави распоредот за исплати од 16 до 20 ноември

ДЕСК

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА БЕЗ ДОГОВОР ЗА НОВА ВЛАСТ – Политичките услови ги отежнуваат преговорите

ДЕСК