Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Што точно договорија САД и Украина вчера?

Според договорот што вчера го постигнаа украинската и американската делегација во Џеда, предвиден е прекин на воените дејствија за 30 дена, со можност за продолжување со заедничка согласност на Русија и Украина.

САД го потврдија обновувањето на размената на разузнавачки информации со Украина и продолжувањето на воената помош, а договорот за американски инвестиции во развојот на украинските минерални ресурси е повторно на маса.

За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!

▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALAS

Уживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.

Овој предлог за прекин на огнот не само што отвора простор за преговори со Русија, туку и ги подобрува односите меѓу Вашингтон и Киев, кои се заладија по јавниот судир меѓу претседателот Володимир Зеленски и Доналд Трамп.

Трамп потврди дека Зеленски ќе биде поканет назад во Белата куќа, а најави и разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Тој потврди и дека неговиот советник за национална безбедност Мајк Волц ќе има средба со Путин во наредните денови.

Веста за можен договор за прекин на огнот беше поздравена од ЕУ, американските републикански и демократски сенатори, но со одредена претпазливост. Се уште се чека официјален одговор од Москва./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ ВО БРИСЕЛ – Националниот протест носи сериозни нарушувања во авионскиот сообраќај

ДЕСК

СЕЛО ВО АНГЛИЈА ГЛАСАШЕ ЗА „ОТЦЕПУВАЊЕ“ ОД ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – Причината се плановите за сместување мигранти

ДЕСК

КЛИМАТСКИОТ САМИТ COP31 ПРЕД НЕУСПЕХ – ЕУ НЕЗАДОВОЛНА ОД НОВИОТ ДОГОВОР, СПОР ОКОЛУ НАФТАТА И ГАСОТ

ДЕСК