Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Полска потврди: Америка повторно испраќа воена помош за Украина

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски потврди дека испораката на американската помош за Украина преку логистичкиот центар во Жешов-Јасионки е вратена на нивото пред краткиот прекин.

Сикорски зборуваше на прес-конференција заедно со украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, кој отиде во Полска на враќање од Џеда.

За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!

▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALAS

Уживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.

Сибиха истакна дека Украина е „земјата која најмногу сака да стави крај на оваа војна и да постигне праведен, траен мир“. Тој додаде дека Украина е подготвена да формира преговарачки тим за да работи на патоказот кон прекин на огнот со Русија.

Синоќа, САД и Украина постигнаа договор за враќање на воената помош и размена на разузнавачки информации како дел од поширокиот мировен процес.

Во коментарите кои доаѓаат само неколку дена откако тој јавно се судри со американскиот државен секретар Марко Рубио и советникот на Трамп, Илон Маск, за „Старлинк“, сателитската интернет технологија на „Спејс Икс“, Сикорски додаде: „Старлинк сè уште работи“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ ВО БРИСЕЛ – Националниот протест носи сериозни нарушувања во авионскиот сообраќај

ДЕСК

СЕЛО ВО АНГЛИЈА ГЛАСАШЕ ЗА „ОТЦЕПУВАЊЕ“ ОД ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – Причината се плановите за сместување мигранти

ДЕСК

КЛИМАТСКИОТ САМИТ COP31 ПРЕД НЕУСПЕХ – ЕУ НЕЗАДОВОЛНА ОД НОВИОТ ДОГОВОР, СПОР ОКОЛУ НАФТАТА И ГАСОТ

ДЕСК