Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Почнува изградбата на граничниот премин Маркова Нога

Денеска на Маркова Нога, близу Долно Дупени во Преспа, ќе има настан на кој премиерот Христијан Мицковски, евроамбасадорот Михалис Рокас, постојаниот претставник на УНДП Армен Григорјан и членови на Владата официјално ќе го означат започнувањето на градежните работи за царинската зграда со придружната инфраструктура (Канцеларија на осигурителната компанија, јавни тоалети, резервоар за вода, нова станица за третман на вода кај трафостаницата, три пристапни патишта, паркинг) кај новиот граничен премин Маркова нога – Герман. Работите, вредни 2 милиони евра, се дел од финансиската програма ЕУзаПреспа, кој изнесува вкупно 21,5 милиони евра.

Од нив, 18 милиони евра, односно 84% се обезбедени од Европската унија, а остатокот се од националниот буџет. ЕУзаПреспа се спроведува преку 2 договори за придонес потпишани со УНДП. Опремата треба да ја испорача и инсталира националната царинска управа.

Реконструкцијата на полициската зграда ќе биде покриена со дел од програмата Интеррег ИПА Грција – Северна Македонија финансирана од ЕУ (вкупно 7,73 милиони евра, вклучително 1,2 милиони евра од Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија и 114,136 евра од општина Ресен) за финансирање на градежните работи од двете страни.

Граничниот премин се очекува да биде отворен во 2028 година.