Centar.mk
РЕГИОН

Вучиќ: Болшевички пленумци му нанесоа страшни повреди на полицаецот

Среде ноќ се огласи српскиот претседател Александар Вучиќ, а околу час и половина по инцидентот успеа да се фотографира со полицаец за кој тврди дека бил повреден од студенти и да го објави на својот Инстаграм. Човекот за кој српскиот претседател вели дека е полицаец кој бил нападнат од студенти и му нанеле „страшни повреди“, има модринка на окото, додека Вучиќ на фотографијата позира со лут израз.

Тој ги нарече студентите „болшевички пленумци“ и рече дека ќе одговараат за повредата на полицаецот.

„Лазар Башиќ, полицаец, беше нападнат од членовите на болшевичкиот пленум пред зградата на РТС. Тој се здоби со сериозни физички повреди. Ужасно. Насилниците мислат дека им е дозволено да прават се. Не им е. Тие ќе одговараат за секое насилство што го направиле. Толку за мирните демонстранти и, пред сè, оние загрозените. Ќе победи нормална Србија, ќе победи демократска Србија“, рече Вучиќ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Уапсен е и третиот осомничен за нападот врз куќата на Здравко Чолиќ: побегнале со скутер

C +

Вучиќ: Воениот сојуз на Тирана, Приштина и Загреб го загрозува мирот во регионот

C +

Отруено бебе во Србија: по грешка наместо вода, во шишето имало бензин

ДЕСК