Centar.mk
БИЗНИСПРОМО

КРАЈ ЗА ЗАМКИТЕ СО АВТОМАТСКИ ПРЕТПЛАТИ? – ЕУ предлага нови правила за интернет-компаниите

Европската комисија претстави предлог за нов Закон за дигитална правичност, со кој сака да ги ограничи интернет-практиките што ги доведуваат потрошувачите во заблуда или им го отежнуваат откажувањето платени услуги. Предложените правила опфаќаат автоматско продолжување претплати, скриени трошоци, манипулативни реклами и дизајн што ги поттикнува корисниците да поминуваат повеќе време на дигиталните платформи.

Според предлогот, компаниите би требало појасно да ги прикажуваат цените и да овозможат поедноставно откажување претплати. Се предвидуваат и мерки за заштита на малолетниците од одредени механизми во видеоигрите и од рекламирање што ја злоупотребува нивната доверба. Корисниците би добиле можност да исклучуваат функции како бесконечно скролување и автоматско пуштање видеа.

Паралелно, Комисијата предлага посилни овластувања за контрола на големи прекугранични прекршувања на потрошувачките права, со можни казни до шест проценти од годишниот глобален промет на компанијата. Решенијата допрва треба да ги разгледаат Европскиот парламент и земјите членки, што значи дека сè уште не се конечни и задолжителни правила.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ПРЕСВРТ СО ЦЕНАТА НА НАФТАТА – „Брент“ повторно над 93 долари

ДЕСК

AI-АСИСТЕНТИТЕ ЌЕ ВЕЖБААТ ПРЕД ДА РАБОТАТ – Plurai обезбеди 13 милиони долари

ДЕСК

ТУТУНАРИТЕ БАРААТ ДО 450 ДЕНАРИ ЗА КИЛОГРАМ – Откупот почнува пред законскиот рок

ДЕСК