Centar.mk
РЕГИОН

ММФ ЈА СТАВИ ЦРНОГОРСКАТА ЕКОНОМИЈА ПОД ЛУПА – Започна годишната мисија

Меѓународниот монетарен фонд денеска ги започна редовните годишни консултации со Црна Гора, во рамките на постапката според член 4 од Статутот на Фондот. Мисијата, предводена од Џеф Данфорт, ќе ги анализира јавните финансии, финансискиот систем, економските движења и перспективите за наредниот период.

Претставниците на ММФ остварија средби со гувернерката на Централната банка на Црна Гора, Ирена Радовиќ, и нејзиниот тим. Разговорите биле посветени на стабилноста на банкарскиот сектор, неговата отпорност и мерките што ги презема регулаторот за зачувување на финансиската стабилност.

Во текот на мисијата се планирани средби со претставници на Владата, приватниот сектор и академската заедница. Наодите од консултациите треба да бидат претставени на јавноста на 24 ноември, па засега не станува збор за завршена оценка на економската состојба.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ Ѝ ДАДЕ ВРЕМЕ НА ЦРНА ГОРА ДО 2030 ГОДИНА – Производителите мора да ги исполнат стандардите за храна

ДЕСК

18 РАБОТНИЦИ ЗАГИНАА ВО ЧЕЛИЧАРНИЦА – Во Турција се бара одговорност за трагедијата

ДЕСК

ХРВАТСКА СЕ ЗАКАНУВА СО БЛОКАДА НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА ЦРНА ГОРА – Пленковиќ постави услов

ДЕСК