Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Драстична промена на времето: Подгответе се за навреме со поројни врнежи на дожд, грмежи и силен ветер

Како што соопшти УХМР, под влијание на топла и нестабилна воздушна маса од југ, следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, Наместа врнежите повремено ќе бидат поројни ( над 15 л/м2) во форма на невреме проследени со грмежи и силен јужен ветер (над 60км/ч).

Од УХМР соопштуваат дека Поинтензивни процеси ќе има утре во вечерните часови, во текот на ноќта и во четврток претпладне.

Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок. Во сабота локално, а во недела и понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневните температури (7 до 10 степени).

Во Скопје, променливо облачно и топло со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и силен ветер, особено во ноќта кон четврток. Нови врнежи од дожд ќе има во недела и понеделник.

Можеби ќе ве интересира

ИМА ЛИ ПРЕДИСТРАГА ЗА „АЛТА БАНКА“? – Државниот обвинител одби да открие пред пратениците

ДЕСК

НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ НА ЧЕЛО НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА – Избрано ново раководство

ДЕСК

НОВИ КАЗНИ ПРЕКУ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ – Камерите ќе откриваат и непрописно паркирање

ДЕСК