Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно и нестабилно, наместа со пороен дожд, силен ветер и грмежи

Под влијание на топла и нестабилна воздушна маса од југ следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите повремено ќе бидат поројни (над 15 л/м2) во форма на невреме проследени со грмежи и силен јужен ветер (над 60 км/ч). Поинтензивни процеси ќе има утре во вечерните часови, во текот на ноќта и в четврток претпладне, информира УХМР.

Преодно стабилизирање на времето ќе има в петок. В сабота локално, а в недела и в понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневните температури (од 7 до 10 степени).

Во Скопје променливо облачно и топло со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и силен ветер, особено ноќта кон четврток. Нови врнежи од дожд ќе има в недела и в понеделник./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК