Centar.mk
СВЕТ

Дете удри во дрво и загина на скијачка патека во Словенија

Дете трагично го загуби животот денеска на скијачката патека на Соришка планина. Несреќата се случила околу 9:40 часот, кога детето, скијајќи, излетало од патеката и удрило во дрво. Поради сериозноста на повредите, детето починало на лице место.

И покрај брзата реакција на екипите за прва помош, како и доаѓањето на хеликоптер од словенечката војска и полиција, спасувањето не било возможно.

Полицијата од Шкофја Лока апелира до сведоци на трагедијата да се јават на телефонскиот број 04 502 37 00 или на бројот 113 во Полициската станица Шкофја Лока./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Најмалку тројца загинати во руските напади врз Украина

C +

Орбан се откажува од пратеничкото место

C +

Руси хакирале профили на Сигнал на германски политичари

C +