Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Лишен од слобода албански државјанин во прилепско, затекнат е како предизвикува пожар на отворено

На 23.10.2026 во 14:20 часот на место викано „Коливади“ во атар на с.Житоше, прилепско, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода М.Џ.(38) од Република Албанија. Тој бил затекнат како предизвикува пожар на сува трева на отворен простор. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп и за настанот бил известен јавен обвинител.

Лицето било предадено во ОВР Прилеп, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 288 од Кривичниот законик – „Предизвикување на општа опасност“.

Можеби ќе ве интересира

СНИМАЛ ЕКСПЛИЦИТНИ СОДРЖИНИ БЕЗ НЕЈЗИНА СОГЛАСНОСТ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ОБЈАВУВАЊЕ – Кривична пријава против 19-годишник од Кочани

ДЕСК

СОПРУГАТА ФИЗИЧКИ ГО НАПАДНАЛА, СПОРЕД НЕГОВАТА ПРИЈАВА – 59-годишен скопјанец побарал полициска интервенција

ДЕСК

ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА МЕЃУ ДВЕ ЖЕНИ ВО КИСЕЛА ВОДА – Претходна расправија завршила со нарушување на јавниот ред и мир

ДЕСК