Тајфунот „Чампи“ предизвика големи проблеми во Тајван, каде што властите пријавија еден загинат и стотици повредени. Невремето било придружено со разорни ветрови и обилни врнежи, поради што биле затворени училишта, продавници и дел од сообраќајната инфраструктура.
Повеќе од 4.300 лица биле евакуирани од своите домови, а илјадници домаќинства останале без електрична енергија. Силниот ветер соборувал дрвја, додека транспортот бил нарушен и со откажување голем број авионски летови.
Според метеоролошките предупредувања, невремето продолжува да се движи низ регионот, со потенцијални последици за делови од Кина и Јапонија. Властите ги повикуваат граѓаните да ги следат официјалните инструкции и да избегнуваат непотребно движење во погодените области.


