Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски стигна на самитот во Брисел: „Не сме сами и тоа го чувствуваме, ви благодарам“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на самитот за Украина и европската одбрана во Брисел. По пристигнувањето, тој им се заблагодари на лидерите на Европската Унија за силната поддршка што ѝ ја дадоа на неговата земја.

„Во текот на целиот овој период, вклучително и минатата недела, бевте со нас“, рече Зеленски по пристигнувањето на самитот во Брисел.

„Ние не сме сами, и тоа не се само зборови, ние тоа го чувствуваме“, додаде тој.

Претседателот напомена и дека европските лидери испратиле силна порака до украинскиот народ, кој тоа го цени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран тврди дека нападнал 27 американски објекти на Блискиот Исток

C +

Израел почна широк бран напади врз Техеран, ИДФ тврди дека фрлил над 1.200 парчиња муниција

C +

Убиен е шефот на иранската армија кој жестоко им се закани на САД пред 5 дена

C +