Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка:
Денеска СДСМ го отвора првиот од серијата скандали поврзани со тендерите на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.
Ќе изнесеме низа на податоци и сомнежи за длабока корупција, сонежи за матни тендери во речиси сите општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ. Дури и со пари од унгарскиот кредит.
Во фокусот се милионските тендери што завршуваат кај едни исти фирми. Дури и фирми со сомнително минато, кои биле гонети токму за злоупотреби и местење тендери а кои последно земаат пари и тоа од унгарскиот кредит.
Дали е тоа поентата на унгарскиот кредит и каде завршуваат овие пари?
Денеска го отвораме првиот скандал поврзан со компанија која верувале или не, работи на 50 тина јавни набавки во општини кои ги води ВМРО-ДПМНЕ.
Да биде скандалот поголем, компанијата претходно, во 2020 година е осомничена токму за местење на тендери во јавните набавки, погодете каде, во општина Зелениково предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Станува збор за фирмата ИЗОЛАЦИЈА Дамјан Силјановски и др. ДОО Увоз-Извоз Скопје во четири години добила 50 тина тендери вредни 10 милиони евра, речиси сите од општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.
Само во последните 3 месеци истата фирма добила три тендери со пет договори во различни скопски општини, сите предводени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа фирма веќе била гонета за местење тендери во 2020 година кога Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава против поранешниот градоначалник на Зелениково и шест други лица.
До денес, таа е омилената фирма на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ која контуниирано со години добива тендери. Само за пример добила 13 тендери во Општина Гази Баба, 9 во Кавадарци, а во последните месеци ги освојува и тендерите во Бутел, Кисела Вода и Аеродром.
Последните тендери кои ги добила се финансирани од унгарскиот кредит, кој граѓаните ќе го враќаат со високи камати.
Индикативно е што понудената цена и постигнатата цена се во речиси сите случаи исти, односно нема пад на цените.
Дали однапред се знаеле условите?
Прашуваме:
Дали градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ им овозможиле ексклузивен пристап до информациите?
Почитувани,
Клучно е каде завршуваат парите од унгарскиот кредит?
Парите од овој кредит не се бесплатни – тие се враќаат од буџетот, односно од парите на граѓаните и тоа со камата:
Jавноста има право да знае:
- Дали ова е механизам за финансирање на партиските структури на ВМРО-ДПМНЕ?
- Дали парите завршуваат директново „белата палата“?
- Дали граѓаните плаќаат огромни камати за унгарските кредити за власта да си ги дели со коруптивни тендери?
Ова не смее да остане само скандал за кој ќе зборуваме денес. Очекуваме надлежните институции да реагираат веднаш!
Очекуваме одговори од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ
Ова е само почеток – во наредните денови ќе следуваат нови информации и нови скандали.