Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Брутален руски напад врз родниот град на Зеленски, најмалку четворица загинати

Руски сили извршија ракетен напад врз хотел во Криви Рих, регионот Дњепропетровск, при што загинаа четири лица, а најмалку 30 други беа ранети, меѓу кои и едно дете, соопшти гувернерот Серхиј Лисак.

Ракетата го погодила петкатниот хотел околу 22 часот, при што загинал 53-годишен маж. Лисак подоцна потврди дека уште двајца мажи и една жена биле убиени во нападот, додека 43-годишен маж починал во болница следното утро.

Повредени се најмалку 30 лица, меѓу кои и едно дете, а 14 лица се во тешка состојба. Повеќето од ранетите се пренесени во болница, рече Лисак./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Беше толку добро дете, не знам што му се случи – се огласи бабата на убиецот од Краков

ДЕСК

Гутереш: Влеговме во нова ера на климатски екстреми

ДЕСК

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

ДЕСК