28. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Дурмиши е смешен – со објави на сајт не се намалуваат цените!

Соопштение на СДСМ:

Министерот за економија, Дурмиши, исто како и Мицкоски, очигледно не разбира што навистина треба да се направи за да се намалат цените. Објавувањето на цените на веб-страниците на маркетите не е никаква мерка – тоа е евтин и смешен обид да се прикаже дека нешто се работи, додека граѓаните тонат во сиромаштија.

Во моментов државата се соочува со сериозна економска криза. Цените растат неконтролирано, струјата и парното поскапеа, а граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Наместо да преземат конкретни чекори за справување со кризата, Дурмиши и Мицкоски избраа мерка што нема никаков ефект, игнорирајќи ги сите реални решенија што навистина можат да го подобрат животниот стандард на граѓаните.

Оваа влада е економски најнеспособната што Македонија некогаш ја имала. Само за девет месеци, успеа да го осиромаши народот до таа мера што граѓаните мора да штедат дури и на основните прехранбени производи.

Дали Дурмиши воопшто е свесен дека денес се потребни три минимални плати за да се покрие потрошувачката кошничка? Дали знае дека во време на СДСМ беа потребни само две? Дали барем еднаш се симна меѓу граѓаните за да ги праша како преживуваат со неговите “мерки”?

СДСМ попусто нудеше конкретни решенија – намалување на ДДВ-то на струјата и други мерки кои реално ќе помогнеа. Но, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите предлози, а она што го донесе беше задоцнето и неефикасно.

Како резултат на лошите економски политики на Владата, десетици милиони евра се буквално украдени од граѓаните. Оваа неспособност има висока цена – ја плаќаат обичните луѓе секој ден.