Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Власта лиферува имиња во јавноста за етикетирање и предвремена јавна осуда

Изјава за медиуми, Богданка Кузеска – портпаролка

Секогаш кога власта ќе направи некаква глупост или нејзините погрешни политики ќе доживеат дебакл, како што деновиве се случи на меѓународен план со Резолуциите во ОН и со падот на економијата, гледаме како се поднесуваат кривични пријави и се лиферуваат имиња во јавноста за предвремена јавна осуда и политичко етикетирање.

Правење јавен линч само со поднесување кривични пријави кои допрва треба да видиме дали се основани фрлаат дамка на сите овие процеси за кои СДСМ отворено се сомнева.

Од друга страна, за огромен број скандали поврзани со високи владини функционери не се презема ништо, власта ги штити по секоја цена.

Последен е скандалот со злоупотребите на вицепремиерот Меџити, со партиските листи за масовните вработувања во јавната администрација, но и куп други скандали, за бегството на Груби, за бегството на Рамадани, за сертификатот на директорот на АНБ, за инцидентот на скопаскиот аеодром, на границата со Косово, за скандалот со генералниот секретар на Владата кој добил на поклон 350 илјади евра, за фирмите на Божиновска….

Сите овие аргументи покажуваат дека ова што го прави власта не е борба против криминалот и корупцијата како што се претставува туку алатка за етикетирање, предвремена јавна осуда и политички прогон.

СДСМ повторува. Секој обид за политизација, политички прогон или предвремена јавна осуда за лицата опфатени во истрагите ги поткопува принципите на правдата и одговорноста и затоа СДСМ јавно ќе се спротивстави на тоа.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +